Search

Денеска сончево време, од утре ветровито и облачно

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Претежно во планинските региони, особено на западот, денеска ќе има услови за краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Утре и в сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.

Треба да знаете
Последни објави