Јужнокорејски брод задржан во пристаништето поради сомневање за шверц со нафта

ужнокорејскиот брод беше задржан во Бусан, Јужна Кореја, под сомневање за нелегално изнесување нафта во Северна Кореја, изјавија официјални лица.

Од Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопштија дека ова е првпат еден јужнокорејски број да биде задржан под обвинение за кршење на санкциите што на Северна Кореја ѝ ги наметна Советот за безбедност на Обединетите нации поради нуклеарната програма, објави АП.

Во извештајот на Советот за безбедност на ОН минатиот месец се наведува дека Северна Кореја „ги избегнува санкциите“ со тоа што значително го зголемиле шверцот на нафта и јаглен, кои се префрлаат од брод на брод.

Во Јужна Кореја моментно има уште три брода чии екипи се обвинети за нелегално шверцување нафта во Северна Кореја  и за  извезување на нивниот јаглен.

Треба да знаете
Последни објави