Search

СДСМ: Државата продава вишоци на струја и заработува од сопственото производство

„Остварената добивка на ЕЛЕМ од близу 30 милиони евра е уште показател за успешноста на политиките во енергетиката на Владата предводена од СДСМ.Од држава која беше зависна од увоз на струја, денес АД ЕЛЕМ преку домаќинско работење за една година успеа да произведе и продаде вишоци на струја од вкупна вредност од над 21 милион евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму ддаваат дека домаќинското управување со АД ЕЛЕМ сериозно ги намалило трошоците, па во 2018 година направени се сериозни заштеди во ова претпријатије.

„Сето тоа резултирало добивката на АД ЕЛЕМ во 2018 година да изнесува над 29 милиони евра, со што 2018 е најуспешна економска година за ЕЛЕМ. Времето кога ЕЛЕМ беше партиска подружница на ВМРО-ДПМНЕ, кога се увезуваше скапа струја заради бизнис интереси, кога Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Владата на Груевски,  заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, со домаќинско и отчетно работење, државата произведува вишоци на струја и го унапредува енергетскиот сектор. Интеграциите на државата во ЕУ и НАТО дополнително ќе ги подобрат условите за развој на енергетскиот систем, а позитивниот тренд во енергетиката предвидено е да продолжи и годинава“, стои во соопштението на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави