СДСМ: Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија

Гордана Силјановска е иста како Христијан Мицкоски и Ѓорге Иванов. Таа е лицемерна, не е искрена кон граѓаните. Едно зборува, друго прави- вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

-Силјановска вели дека не го признава и нема да го употребува уставното име на државата.

Ова е официјален документ од Државната изборна комисија на кој јасно се гледа, дека Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија. Толку од лажниот патриотизам на Силјановска. Силјановска во јавноста тврди дека нема да го употребува уставното име на државата, но нема проблем да се потпишува под уставното име заради лични цели и интереси. Исто како и Мицкоски. Граѓаните нема да дозволат лицемери и нов партиски послушник кој не е искрен со нив, нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој работи против ЕУ и НАТО, против интересите на државата. Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево Пендаровски за претседател, вели Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави