Преку „Младинска картичка” до зголемување на можностите на младите и во Делчево

Младите од Делчево очекуваат поголема заштеда и можност да се купат производи кои им се потребни од имплементацијата на новиот проект „Младинска картичка”, кој наскоро стартува како дел од иницијативата на Агенцијата за млади и спорт.

Тинејџерот Џастин Мемедов вели дека доколку профункционира проектот тоа ќе биде добро за скромниот буџет на младите.
-Мислам дека тоа е одлична шанса да зачуваме некој денар, бидејки нашите родители не се секогаш во можност да ни го овоможат она што ќе ни биде потребно, истакна Мемедов
На слично мислење е и младиот Иван Милев, кој вели дека со картичките ќе може да дојде до намалување на цените, што ќе биде од голема корист за тинејџерите.
Со проектот „Младинска картичка” ќе бидат опфатени млади лица од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите, информира Даниела Такева од ЕЛС Делчево.
-Општина Делчево упатува апел до сите правни субјекти да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво, информира Такева.
Од општината ги охрабруваат правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе.
Младинската картичка според првичните замисли на Агенцијата за млади испорт ќе овозможи директен контакт на компаниите со младите и претставуваа можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категоријата млади од 15 до 29 години.
Треба да знаете
Последни објави