Откриена марихуана на покрив на затворот во Тетово

Вработен во тетовскиот затвор открил кеса со марихуана на покривот на затворот, информира МВР.

Вчера околу 9.40 часот вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ пријавил дека на покривот од магацинот забележал најлонска кеса, во која подоцна, било утврдено дека има марихуана.

Марихуаната била земена за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави