Могерини ќе претстави мурал посветен на Западен Балкан во центарот на Брисел

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, утре ќе го претстави новиот мурал посветен на односите на Западен Балкан и ЕУ.

Муралот се наоѓа во центарот на Брисел и е насликан од младиот уметник Рикардо Друшкиќ од Босна и Херцеговина. Посветен е на луѓето од Западен Балкан и ЕУ и нивните длабоки културни врски.

„Муралот  нè повикува да се гледаме едни со други со отворено срце и без предрасуди”, се вели во соопштението на Европската комисија.

Муралот го финансираше ЕУ, градот Брисел и традиционалниот бриселски фестивал на балканска култура Балкан трафик.

Тој е дел од Неделата на културата на ЕУ на Западен Балкан организирана од Европската служба за надворешни работи, со цел да се одбележи заедничкиот европски идентитет и културните врски помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Треба да знаете
Последни објави