(Видео) Огромен пожар проголта историска 230-годишна црква во Англија

Голем пожар ја зафати историската црква во центарот на Блекбурн, во северозападниот дел на Англија, претворајќи ја најстарата градба во градот во огнен пекол, пренесува РТ.

Пожарот почнал во изутрината и брзо се проширил низ целата зграда. Причината за пожарот е непозната, а пожарникарите се на местото на настанот со осум возила и два хеликоптери кои помагаат во гаснењето на пожарот.

Снимките од огнениот пекол покажуваат густи облаци од чад што се издигаат кон небото, а еден сведок изјави дека се слушаат и помали „експлозии”.

Питер Хауел-Џонс, ѓакон во катедралата Блекбурн, вели дека пожарот е тажен настан и се моли никој да не биде повреден”.

Првично отворена во 1789 година, во зградата порано била сместена во црквата „Св. Јован Евангелист“, која престанала со служби во 1975 година. Сега зградата служи како центар за уметност.

Треба да знаете
Последни објави