Search

Бројот на ново вработени административци е зголемен за 3.300 лица

Бројот на ново вработени административни службеници во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 3.300 лица. Ова е информација од власта. Всушност, СДСМ признава дека лани секојдневно ја полнела администрацијата со нови 13 нови вработени. На дневна основа.

3.300 се нови вработени, на новоотворени работни места, не земајќи ги предвид и работните места во администрацијата кои се пополнуваат по пат на заминување во пензија или отказ од работно место на некој несреќник во администрацијата- вели Наум Стоилковски- портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него ново вработените јавни административци ја чинат државата над 1,3 милиони евра месечно, односно 15,7 милиони евра на годишно ниво.

-И тоа не е се. Преку агенциите за привремени вработувања во администрацијата се ангажирани дополнителни 2.439 лица. Што значи вкупната бројка е 3.300 нови административци. И тој број да потсетиме и денес расте секојдневно, со нови огласи, како оној што го потврди и македонската царина по пресот на ВМРО-ДПМНЕ пред некој ден. Во едно соопштение претходно власта вели дека биле отворени илјадници работни места, и дека со тоа ја намалуваат стапката на невработеност со редовната флоскула „враќање назад нема“- вели Стоилковски.Според него нема поголема потврда за партизацијата, за непотизмот, за злоупотребите на администрацијата, за купувањето поддршка, од тоа власта да ги потврди сите претставки на опозицијата за полнењето и партизацијата на администрацијата.

-Е па почитувани, враќање назад нема, но нема враќање на иселените кои секојдневно бегаат од ваквата партизација и непотизам што го спроведува СДСМ. Се вработуваа во администрацијата со проектот мрежа, непотистички се вработуваа и мајки, и ќерки, и синови, баџанаци на пратеници, партиски функционери, гласноговорници, поддржувачи, и тоа во администрација во која платата е или екстремно повисока од просечната, како случајот во МНАВ или се ставаа заменици директори и нивни кабинети во администрација која и така се бори за здив, но дури и во Македонски железници, каде доцнат платите и ова Јавно претпријатие го тресат протести и штрајкови.

СДСМ која обвинуваше за трома, преобемна, партизирана администрација, која ветуваше дека ќе ја намали администрацијата, дури и дека ќе ја продава на приватниот сектор, сега ја користи само и само за обид за задржување на гласачкото тело. Така е тоа кога нема инвестиции, нема реализација на сопствениот буџет, нема развој, нема нови фабрики, нема нови капацитети.

Во програмата им стоеше дека јавната администрација во Република Македонија беше сервис за згрижување на партиските кадри на власта и систем за изборна корупција и клиентелизам. Што создало и довело до целосно партизирана, често нестручна и неефикасна јавна администрација. Па вели дека се напредувало само по партиска заслуга итн. Што веројатно им стоело како програма што треба да се направи, а не како опис на она што било од претходната власт- вели Стоилковски.

Вели дека се стои само администрацијата се трупа.

-Не е важно каде, важно е да се вработат во администрацијата. Толку од вербата во растот на економијата и професионална администрација. Тоа е резултат на работата на СДСМ, и потврда на оценката нула за македонската економија со СДСМ. Почитувани, раст на економија, раст на нови работни места, истовремено и паѓање на бројот на ново вработени во администрацијата и секако нејзиниот пад атрактивност, и најболното, намалување на егзодусот на македонската работна сила е невозможна со СДСМ. Невозможна, бидејќи тоа е невозможно без правна држава, без право и правда. Граѓаните се желни за право и за правда ќе и пресудат на оваа власт, прво на претседателските, а веднаш потоа и на предвремените избори. СДСМ паѓа, залуден е поткупот со гласовите на нови вработувања, залуден е криминалот на оваа власт. Граѓаните се за правда за Македонија, и тоа ќе го покажат на власта на претседателските избори- вели Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави