Search

Ципрас со пофалба до незвисната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за нивната визија и храброст

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, оствари средба со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Како што информираат од таму, пратениците на средбата ги искажале своите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава.

„Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат, туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат“, стои во соопштението.

Во него се додава дека пратениците добиле честитка од грчкиот премиер за нивната визија и храброст, а тој исто така потенцирал дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе се работи за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ.

Треба да знаете
Последни објави