Search

Силјановска: Луѓето не треба да страдаат затоа што се поинакви

По повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот, кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, оствари средба со дефектолог.

„Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот е само потсетување на секојдневната грижа на родителите, семејствата, училиштата и целото општество. Не е доволно да го одбележиме денот и утре да го заборавиме“, појасни Силјановска-Давкова.

Таа потсети дека во правично општество никој не смее да биде оставен сам бидејќи ниту еден живот не е помалку вреден од другите.

„Светот чекори напред со овозможување третмани и пристап до асистивни технологии, кои им го олеснуваат животот на овие лица со посебни потреби овозможувајќи им учество во животот на заедницата и поквалитетен живот“, истакна Силјановска-Давкова.

Таа нагласи и дека солидарноста е основа на секое правично општество.

„Ќе сторам сè во мојот мандат да потсетувам на реалните проблеми и на начините за нивно надминување. Аутизмот не е дефиниција на личноста, личноста е многу повеќе од тоа. Луѓето не треба да страдаат затоа што се поинакви, но страдаат од начинот на кој ги третира општеството“, истакна кандидатката за претседател.

Треба да знаете
Последни објави