Search

Познатиот остров Комодо ќе биде затворен за туристи една година

Љубителите на диви животни и авантуристите кои планираат во 2020 година да го посетат островот Комодо за да се дружат со најголемите гуштери на Земјата, ќе мораат да ги прилагодат своите планови за патување за Индонезија, да го забрзаат или да го одложат патувањето, објави Си-ен-ен.

Според локалните медиуми, властите одлучиле да го забранат пристапот за туристите на популарниот остров на една година. Во индонезискиот весник „Темпо“ се наведува дека портпаролот на покраинската управа, Мариус Јелам изјавил дека Комодо ќе биде забранет за туристите од јануари 2020 година.

И покрај тоа што плановите за ограничување на бројот на посетители на островот Комодо со месеци е тема на дебата, „Темпо“ објави дека одлуката е донесена поради апсења и разоткривање на синџир на шверц, преку кој на странски купувачи илгално се продадени 41 комодо гуштер, секој за околу 35.000 долари.

За време на затворањето, властите ќе започнат програма за конзервација, чија цел е зголемување на популацијата на комодо и зачувување на нивното живеалиште.

Треба да знаете
Последни објави