Search

Градежни работи на патот Кичево – Охрид

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот превој Пресека и с.Песочан) АМСМ информира дека од утре сообраќајот ке се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Треба да знаете
Последни објави