Search

(Видео) Објавена снимка од местото на загинувањето на руската милионерка

Каналот „ХР Френсен” објави видеоснимка од местото на авионската несреќа во која загина еден од сопствениците на авиокомпанијата S7 Наталија Филева.

Наталија Филева, заедно со нејзиниот татко Валери Карачев, леташе на лекување во Германија со приватен авион „Епик ЛТ”. Во авионот се наоѓал и пилотот.

https://youtu.be/xyztcFj9wM0

При слетување на аеродромот „Егелсберг“ во Франкфурт, авионот се урнал од непознати причини. Никој не ја преживеа несреќата.

Истрагата ќе биде спроведена од страна на меѓународна комисија, со учество на руски експерти.

Треба да знаете
Последни објави