Search

Уапсени па ослободени 11 лица „терористи“осомничени дека подготвувале напад во Германија

Правосудните власти во Германија наредија ослободување на лицата кои претходно во саботата беа уапсени во голема рација во во Диселдроф и околината, во Есен и Улм под сомневање дека подготвувале терористички напад, објави весникот Welt цитирајќи ја канцеларијата на Главното државно обвинителство во Диселдорф.

Претходно во саботата претпладнето беше објавено дека во западниот дел на земјата се уапсени десет лица осомничени за подготовка на напад. Според Welt, портпаролот на обвинителството појаснил дека станува за 11 осомничени, а не за десет.

Како што појаснува весникот, обвинетелството објаснило дека во текот на претресите не биле најдени „никакви експлозиви или оружје“. Сепак, властите ќе продолжат со истражување на податоците за наводната подготовка на „криминален чин кој претставува закана за државната безбедност“, додава весникот.

Претходно весникот Bild повикувајќи се на претставник на обвинителството во Диселдрорф, пренесе дека не постојат индиции за конкретни цел на наводната група осомничени, туку се проверува верзијата за можната поврзаност на притворените лица со терористичката организација Исламска држава.

Дневните весници Bild и Rhenische Post пренесоа дека повеќето од уапсените се од централноазиската земја Таџикистан кои подготвувале терористички напад на досега недефинирана цел во Диселдорф, главниот град на сојузната покраина Северна Рајна – Вестфалија.

 

Треба да знаете
Последни објави