Search

Скопјани ја откажаа свадбата бидејќи семејствата им се од различни партии

Имав пациенти свекор и свекрва. Дедо и баба. Дојдоа зашто свршувачката на нивните внуци се одложила. Семејствата се раскарале. Едното било за една политичка партија, другото за друга. А високо образовани, iнтелектуалци.

Ова е само еден од многуте примери кои покажуваат колку политиката се одразува врз нашето живеење и колку се всушност луѓето оптоварени со политичките случувања. Зголемен е бројот на болни, на лица што страдаат поради ситуацијата во земјава. Поделбите се сè почести, сè поголеми. Притоа, не се поштедени ниту најмалите, вели д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Скопје.

Праксата покажува дека семејствата се поларизираат, некои од нивните членови стануваат непријатели или се гледаат како непријатели. Не се сакаат, се избегнуваат. Ако некој е симпатизер на една партија, а друг на друга, се случува да не се канат на свадби, имендени.

Причините за овој своевиден феномен, д-р Дамјановиќ ги лоцира, пред сè, во слабата економска моќ на граѓаните, но и во менталитетот, како и во секојдневните информации што ги пласираат медиумите и посебно социјалните мрежи каде што секој, нагласува, може да напише што сака.

Целата сториј проследете ја на Фокус.мк

Треба да знаете
Последни објави