Search

Поради „Женската трка“, автобусите 8, 15А и 18 со изменет режим на сообраќање

ЈСП информира дека денеска, поради одржување на „Женската трка“, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Затворен за сообраќај ќе биде булеварот Илинден, од крстосницата со булеварот Климент Охридски до крстосницата со булеварот 8 Септември (кај МИДА). Затворен за сообраќај ќе биде и булеварот 8 Септември, на потегот од вкрстувањето со булеварот Партизански одреди до вкрстувањето со булеварот Илинден.

Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници.

Треба да знаете
Последни објави