Search

Мадрид: Околу 50 илјади луѓе протестираа против иселувањето од руралните

Oколу 50.000 луѓе се собраа денеска во Мадрид бара мерки за да се спречи заминувањето на населението од руралните области во Шпанија, проблем кој го привлече вниманието на партиите на помалку од еден месец до парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Франс прес.

Претставниците на партиите, исто така, присуствуваа на собирот за да привлечат гласови за изборите кои се закажани на 28 април. На протестот присуствуваа и претставници на Владата, вклучувајќи ги и министрите за економија Надја Калвињо, за екологија Тереза ​​Рибера и за земјоделство Луис Планас.

Маршот под мотото ,,бунт на испразнетата Шпанија” го организираа групи од шпанските рурални средини. Во Шпанија во моментов 90 проценти од населението е концентрирано на 30 отсто од територијата, главно во Мадрид и крајбрежните области.

Тоа значи дека 10 отсто од населението е распоредено на големи делови од територијата во внатрешноста на земјата, пренесува агенцијата АП.

Треба да знаете
Последни објави