Search

Еурофарм со пораз ги заврши настапите во ЕХФ купот

 Ракометарите на Еурофарм Работник од Битола попладнево загубија на гостувањето во Ѓер од Грундфос Татабања со 30:27. Отпорот на битолчани траеше 40-минути кога тимот предводен од Стевче Алушовски му го препушти водството на унгарскиот тим.

Владислав Осторушко со девет голови беше најефикасен во тимот на Еурофарм.

Со овој дуел се комплетира последното, 6. коло во Б-групата од ЕХФ купот.

Табела: Татабања 9 бода, Хановер 7, Нексе 6, Еурофарм 2 бода.

Во четвртфиналето одат Татабања и Хановер.

Треба да знаете
Последни објави