Search

ВМРО-ДПМНЕ:Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени партиски војници

Македонската јавност повторно го гледа Заевизмот на дело. Уште еднаш ја гледаме на дело мантрата на СДСМ, кажувам, заборавам, негирам.Од позиција на опозиција СДСМ, Зоран Заев и сите околу него потенцира колку е обемна и неефикасна македонската јавна администрација, говореа за критериумите на Европската Унија во однос на истата, за сега од позиција на власт буквално да поплукаат на се што кажале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изнесените податоци од страна на Дамјан Манчевски.

,,Денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски обелодени информација дека само за една година во период од 2017. до 2018. година јавната администрација пораснала за неверојатни 3.300 вработени.

Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени, партиски војници, роднини и блиски на функционери на СДСМ и власта. На СДСМ не му беа ниту доволни веќе постоечките работни места па почнаа да измислуваат функции, некакви си заменици директори само за да ги вдомат ,,најзаслужните’’ за воведување на Заевизмот.Да потсетиме дека токму Манчевски во 2017. година изјави дека ,, Во јавната администрација има превработеност’’. Што се случува сега во јавната администрација, дали Манчевски заборави што говорел?На ова лудило мора да се стави крај, мора да се стави крај на лагите и манипулациите со македонската јавност, со македонските граѓани. Мора да се стави крај на неправдите и лагите, мора да се стави крај на Заевизмот”, се додава во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави