Прегазил моторџија па избегал

Возач на автомобил прегазил моторџија, па избегал, вчера во Велес, информираше МВР.

-На 29.03.2019 во 10 часот на улица Гоце Делчев во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Ауди А3“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од З.М.(61) од Велес. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес. По незгодата, возачот на возилото не застанал, но во 14часот бил пронајден  и приведен. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави