Search

Општина Бутел: Велосипедско дефиле- Вози велосипед за почист свет

Денеска, 30.04.2019 се одржа завршната манифестација – еко дефиле на велосипеди со  што завршија десетте Денови на екологијата во Општина Бутел.

На манифестацијата се обратија градоначалниците Велимир Смилевски и Петре Шилегов.

Градоначалникот Смилевски истакна дека задоволство е да се вложува во еколошката свест на најмладите. Тоа ќе го правиме постојано, а особено во рамките на деновите на екологијата, додаде Смилевски.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој на манифестацијата дојде со велосипед, изјави дека се чувствува многу убаво секогаш кога е на велосипед и кога е присутен на вакви еколошки манифестации. Додаде дека Градот Скопје ќе ја продолжи изградбата на велосипедски патеки се додека Скопје не стане целосно вело – град.


Исто така, беа доделени и трите награди за најдобрите основни училишта а тоа се: Живко Брајковски – прво место, Лиман Каба- второ и Гоце Делчев – трето место. Всушност, наградените ученици за еко стрипот добија два велосипеди (прво и второ место, а третопласираниот доби тротинет. Останатите ученици од другите четири основни училишта за одработените теми во изминатите десет денови добија благодарници и планинарски ранци.

Денешното велосипедско дефиле беше реализирано од седумдесетина ученици предводени од двајцата градоначалнци кои ја поминаа делницата од Оштина Бутел, преку ул.,, Натанаил Кучевишки,, новиот дел од бул. ,,Христијан Тодоровски Карпош,, преку ул. ,,Цетинска,, и повторно се вратија пред Општина Бутел.

 

Треба да знаете
Последни објави