Search

И оваа сабота уште еден протест „1 од 5 милиони” во Белград

Уште еден протест „1 од 5 милиони” се одржа денеска во Белград и традиционално почна во центарот на градот од каде колоната преку главните улици стигна до зградат на РТС, а потоа и до зградата на Владата на Србија.
Демонстрантите ред зградата на државната телевизија стигнаа во време кога се емитува вечерниот „Дневник на слободна Србија”, а насобраните со едноминутно молчење му оддадоа почит на починатиот писател Добрица Ериќ.

– Бараме оставка на државниот врв, смена на раководството на РТС и услови за фер избори и нема да се откажеме- рече пред насобраните актерот Бранислав Лечиќ.

Потоа зборуваше и Миодраг Симовиќ, еден од организаторите на протестот, кој рече дека сега се протестира во повеќе од 100 градови во Србија и дека луѓето во овие четири месеци покажале дека “Србија не може да се смири.”

Пред две недели по протестната прошетка, лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, еден од организаторите на протестот Јелена Анасоновиќ и насилна група демонстранти влегоа во зградата на РТС, барајќи да бидат гости во „Дневникот“.
Инаку, првиот граѓански протест се одржа на 30 ноември во Крушевац, неколку дена откако лидерот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ беше нападнат пред одржување на трибина во овој град.
На самиот почеток и протестот во Белград беше наречен „Стоп за крвавите кошули” за да по неколку протестни маршови главна парола стана “1 од 5 милиони“.

Треба да знаете
Последни објави