Search

Земјотрес од 5,3 степени ја погоди Грција

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Грција, соопшти Геолошкиот институт во Атина.

Земјотресот се случил попладнево на околу 132 километри северозападно од Атина и на длабочина од 13,7 километри.

Потресот бил почувствуван и во Атина, а засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави