Search

Ел Чапо од затворот покренува моден бренд

Осудениот нарко-бос, Хокаин Ел Чапо Гузман, објави дека планира да покрене моден бренд од затворот. Модниот бренд би требало да ги носи неговото име и презиме, а како што пренесе „Њујорк Дејли Њуз“, тој инспирацијата за новиот бизнис ја пронашол во своите ќерки, седумгодишните близначки.

Медиумите пренесуваат дека работата наводно ќе ја води неговата сопруга, Ема Коронел Аиспуро.

„Овој проект е идеја која Хокаин и јас ја развивавме долго време. Пред да отиде во САД, доста разговаравме на оваа тема“, изјави сопругата на Ел Чапо.

Облеката со потпис на еден од најголемите криумчари на дрога на сите времиња, наскоро би можела да биде достапна во САД и Мексико. Ел Чапо, кој минатиот месец беше прогласен за виновен, ги потпиша документите со кои му се одобрува комуникација со надворешниот свет.

Треба да знаете
Последни објави