Search

(Видео) Мајката на Пино: Нуркачи џабе го пребаруваа Смилковско езеро, таму го баравме син ми во декември

Агонијата на семејствата на Пино Секондо и Арбен Аслан трае со месеци бидејќи нивните деца се исчезнати, а од нив нема ни трга ни глас. Тие на денешниот протест пред Собранието обвинија дека МВР не е ажурна во потрагите, а инспекторите и натаму не контактираат со нив.

Таткото на Арбен, Бекир и мајката на Пино, Маја Трпковска потврдија дека пред неколку недели специјалци нуркале во Смилковско езеро и ги барале, што е единствениот конкретен детал кој родителите го добиле по исчезнувањето на нивните синови.

Двајцата очајни родители повторија дека нема ништо ново во истрагата со исчезнувањето на нивните синови. Трпковска рече дека нуркањето било залудно потрошени пари на граѓаните бидејќи таа веднаш по исчезнувањето била со денови таму и разговарала со луѓето кои се постојано таму и кои да имало нешто ќе забележале. Таа на прашање на новинарите рече дека не комуницирала со премиерот, ниту со министерот Оливер Спасовски.

– Не се видовме со премиерот, но тој ме пријави. На човек кој плаќа даноци на оваа држава премиерот го пријавува. Требаше да си земам една копија и да си ја врамам за во дневната соба бидејќи Заев е највисоката личност која ме пријавила за вознемирување до сега, рече Маја.

Таа потврди дека италијанската полиција, која од почеток работи на случајот, исчезнувањето го истражува како грабнување и дека понудиле помош на МВР, но истата е одбиена.

Загрижените родители најавија нови протести и побараа средба со министерот Спасовски. Пино го нема од 10 декември, а Арбен Асалан исчезна на кон крајот на јануари.

Треба да знаете
Последни објави