(Видео) Маж се залета кон автомобилот на мароканскиот крал за врема на посетата на папата Франциск

Папата Франциск пристигна денеска во Мароко каде на аеродромот во Рабат беше пречекан од кралот Мохамед VI,  а во центарот на дводневната посета на оваа земја со умерен ислам ќе биде меѓурелигискиот дијалог и миграциски прашања, кои се два од приоритетите на Франциск.

По средбата, мароканскиот крал и папата во конвој заминаа до големата Еспланада во Рабат, каде што има џамија и мавзолеј, а потоа разговараа во четири часот во Кралскиот дворец.

И покрај импресивниот број на членови на безбедносните сили, еден човек од масата се упати кон кон возилото на кралот Мухамед, но чуварите брзо реагираа и го оддалечија, покажаа телевизиските снимки. Кралот стоел застанат во автомобилот со отворен и ги отпоздравувал луѓето, но не е јасно што сакал човекот, пишува агенцијата Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави