Ристо Самарџиев го менува Латас на уредничката позиција во Сител

Популарниот музичар, Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, ќе го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата, jaвува порталот Лидер.

Латас пред неколку дена поднесе оставка, од како што рече, заштита од понатамошни притисоци кон него како новинар и кон медиумот во кој работи.

Самарџиев ќе биде одговорен уредник на целата програма на телевизијата, додека на позицијата главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова- Спасовски, вели за порталот вработен во телевизијата.

Арсова е веќе повеќе од една деценија во Сител, каде почна како репортер на терен, па пред неколку години стана уредник, за сега да застане на чело на информативната програма. Најверојатно нејзин заменик ќе биде Иван Кузмановски, со кој се тандем во емисијата „Детектор“.

Треба да знаете
Последни објави