Отворено светско првенство во латино, стандардни и модерни танци

Повеќе од 2.500 натпреварувачи од 36 држави, меѓу кои седум од 15-те првопласирани танцови двојки, ќе настапат на Отвореното светско првенство во латино, стандардни и модерни танци  што викендов ќе се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“.

Програмата почнува денеска во 8 часот, а вечерниот термин од 19 часот е резервиран за полуфинални и финални натпревари. Натпреварите утре почнуваат од 9 часот во големата сала, а во малата сала со почеток од 7 часот ќе се одржи тренинг танцов камп, како и меч анализи.

На овој натпревар, на кој ќе се  претстави светската танцова елита, завршниот збор ќе го дадат  светски познати судии од WDSF (World Dance Sport Federation) од повеќе од 26 држави.

Натпреварите ќе може да се следат и на лајвстрим канал на веб-страницата на Светската танцова федерација. 

Треба да знаете
Последни објави