Во Загреб се одржа првиот балкански марш на трансродовите лица

Во Загреб се одржа првиот балкански транс-интер марш, од каде беше порачано дека трансродовите и интерсексуалните лица се соочуваат со слични проблеми „од Македонија до Словенија“, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

На првиот заеднички марш на трансродовите лица од целиот регион се собраа неколку стотици луѓе, кои маршираа од центарот на Загреб носејќи транспаренти со натписи „Моето тело – мој храм“.

Учесниците на маршот кој го организираа здруженијата „Транс мрежа Балкан“, „Транс Аид“ и „Спектра“ нагласија дека идентитетот е лична работа за која треба самите да одлучуваат.

Како што наведе „Би-би-си на српски јазик“, главните цели на првото регионално здружение на трансродовите и интерсексуални лица се достапна здравствена нега, полесен процес на промена на личното име и пол, но и подигнувањето на свеста за зајакнувањето на десничарските групи.

Марш на трансродовите лица се одржа и вчера во Скопје, под мотото „Марш за видливост“.

Треба да знаете
Последни објави