Search

Уште еден „Петок за млади”

Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска се одржа уште еден „Петок за млади”. Овојпат во фокусот беше пишаниот збор.

Пред децата – гости од едно скопско основно училиште зборуваа младата поетеса Софија Бислимовски и писателката Билјана Црвенковска.

-Денешниот настан е продолжение на претходните девет за дружење со младите, деца од предучилишна возраст, основци и средношколци. Работиме на различни теми. Досега беа застапени природните науки, роботиката, креативата,… Денеска во фокусот е пишувањето, изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Според него, целта на ваквите настани и активности е Фондот како државна институција да се отвори кон јавноста, посебно кон најмладите потенцијални корисници.

-Пред една и пол година почнавме да им даваме поттик на младите креативни умови. Тоа веќе се конкретизира во Нациоанлан програма за развој и поддршка на талентирани деца. Сакаме низ ваков тип на интеракција, да ги слушнеме најмладите, да кажат што според нив државата треба да направи за тие да ги развиваат своите таленти, потенцира директорот.

Треба да знаете
Последни објави