Никол Кидман непожелна на скиентолошката свадба на својот син

Конор Круз, син на Том Круз и Никол Кидман, наскоро ќе се венча со својата избраничка, но се чини дека судбинското „да” нема да го изговори во присуство на својата мајка, според „Дејли мејл“.

Дваесет и четиригодишниот Конор наскоро ќе стапи во брак со својата девојка Силвија Занчи, а Никол не е добредојдена. Том ѝ забрани на својата поранешна сопруга да присуствува на церемонијата, а Конор не се побунил.

Том речиси три децении е член на Скиентолошката црква, а неговите посвоени син Конор и ќерка Изабела од бракот со Кидман исто така се нејзини следбеници. Според различни извори, Конор бил фасциниран од неговиот татко и не му противречи. Конор бил толку посветен на скиентологијата, што неговата жена, наводно, ја прогласиле за „скиентолошка принцеза”, пренесува „Дејли мејл“.

Токму црквата е причината зошто Никол Кидман нема да биде на свадбата на својот син, а еден извор тврди дека Скиентолошката црква ја смета за супресивно лице. Таквите лица црквата сака да ги казни и да ги изолира како „духовно токсични”.

Актерската двојка се разведе во 2001 година, Том Круз го задржа старателство над децата, и дури и тогаш тие биле воспитувани во духот на скиентологијата. Кидман ја напушти ѕвездата на „Невозможна мисија” бидејќи не сакаше да живее според правилата на неговата црква, а и втората жена на Круз, Кејти Холмс, која, исто така, од тие причини се разведе од него.

Треба да знаете
Последни објави