Анѓушев: По Бугарија сега и со Грција имаме двоцифрен процент на раст на трговска размена

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во емисијата Студио 1 на 1 ТВ со Александар Чомовски рече дека по потпишување на Договорот од Преспа се зајакнува еконосмката соработка со Грција.

„Отсекогаш ние најмногу сме соработувале во нашиот регион. И во времето кога политичките односи на нашата држава со Грција не беа најдобри и тогаш имаше сериозна економска соработка и Грција беше меѓу првите три во трговска размена и секогаш била добар економски партнер. Природно е да сме упатени едни на други, Солунското пристаниште е најблиско до нас, за евтин транспорт на стоки и кога ќе видите дека ова пристаниште во голем дел работи за македонските компании, тоа е доволен доказ за обемот на соработката“, потенцира Анѓушев.

Според него, организацијата на заедничка седница со Владата на Грција и организацијата на бизнис форум помеѓу компании од двете земји не е само политичка порака, туку е нормален след на политичките настани. Со затоплувањето на односите и со решавање на долгогодишното проблематично прашање, се отвора многу простор за економска соработка.

-Ќе зборуваме да го надминеме проблемот со двојното оданочување, да се избегне, има голем број инвестиции од Грција заинтересирани да дојдат во нашата држава и како гринфилд и како браунфилд инвестиции. Има заинтересирани компании, во делот на производството, во фабрики, во реалната економија Кога ќе направите добар политички амбиент и економската соработка се одвива подобро. По потпишување на договорот со Бугарија, во рамките од една година размената со оваа земја порасна за 11%. Сега имаме исто така двоцифрен раст во размената со Грција, објасни Анѓушев.

Треба да знаете
Последни објави