Чавушоглу: Ќе го испочитуваме договорот, ќе купиме „С-400“

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека договорот помеѓу Турција и Русија за купување на противракетни системи „С-400“ останува на сила и дека Москва и Анкара ќе разговараат околу временската рамка на испораката.

„Договорот со Русија околу системите „С-400“ остануваат на сила, и тие одбранбени системи ќе бидат испорачани во Турција“, рече Чавошоглу по разговорот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесе „ТАСС“.

Тој објасни дека Турција набавува противракетни системи „С-400“ за сопствени потреби и немаат намера да ги продаваат системите за земјите од третиот севт.

Треба да знаете
Последни објави