Жена роди дете од тринаесетгодишно момче, сопругот знаел сè

Триесет и едногодишна жена беше уапсена во италијанскиот град Прато во регионот Тоскана. Жената е во домашен притвор и постои сомневање дека има седуммесечно дете чиј татко е момче. Момчето, наводно,имало само 13 години кога жената почнала да спие со него, а денес има 14 години. Под истрага е и нејзиниот сопруг кој знаел дека детето не е негово, но го признал. Двојката, исто така, има син на возраст од 11 години, но истражувачите се сомнителни, па испитуваат дали тоа дете е на сопругот или жената го родила по можна афера со некој многу помлад. Властите почнаа да го истражуваат слушајот во почетокот на март. „Кориере дела Сера“ пишува дека им се обратила мајката на момчето. Таа рече дека нивната семејна пријателка му давала на момчето инструкции по англиски.

„Мојот син стана нервозен, се помалку јадеше, лошо учеше. Го прашав што е не е во ред. Тој ми кажа дека е виновна таа жена, дека го сака за себе. Тој ми кажа дека повеќе не сака да оди кај неа и дека бебето што го родила не е на сопругот, туку негово “, рече мајката на момчето.

Осомничената е во притвор од вторникот. На нејзиниот компјутер најдоа детска порнографија. Обвинителот Џузепе Николоси рече дека жената му праќала пораки на момчето, му се заканувала дека ќе се убие, бидејќи момчето сакало да ја прекине врската со неа.

Треба да знаете
Последни објави