Search

Ѓурчиновски во посета на албанските вооружени сили

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре претстојува во посета на Албанија на покана од началникот на Генералштабот на aлбанските вооружени сили, бригадниот генерал Бардил Колчаку.

Во рамки на посетата, генералот Ѓурчиновски ќе присуствува на воената свеченост во Тирана по повод прославата на 10-годишнината од полноправното членство на Албанија во НАТО. На овој настан се очекува да присуствуваат повеќе од 150 високи воени претставници, меѓу кои министри за одбрана и началници на генералштабoвите на армиите на земјите-членки на НАТО и од командната структура на Алијансата.

– Оваа посета е одлична можност за размена на мислења со високите воени претставници, особено за транзиционите искуства на армиите од влезот во НАТО Алијансата, во која ќе бидеме 30-та полноправна членка по ратификација на протоколот за влез од сите земји членки, велат од ГШ на нашата армија.

Треба да знаете
Последни објави