Search

Стоилковски: Германските стопанственици ја оценија владата со нула

Германските стопанственици на Владата за нејзината работа и дадоа оценка нула, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој образложи дека над 70 проценти од германските стопанственици сметаат дека на економски план земјата или ќе стагнира или ќе назадува.

Според опозицијата, економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на власта. Стоилковски рече дека последните показатели за реализација на капиталните инвестиции за првите два месеци во 2019 година се катастрофално ниски и изнесуваат 3,53 проценти.

„Тоа значи дека и оваа година како лани не се гради ништо, ниту патишта, ниту училишта, ниту детски градинки, ниту болници. Тоа што самите го проектираа како капитални инвестиции во буџетот за оваа година, кој што е историски највисок, самите не го реализираат. Ако на ова се додаде и бруталното задолжување кое ги помина сите психолошки граници, како што беше она од пред некој ден кога се задолживме за нови 16 милиони евра, тогаш многу реално е да очекуваме целосен крах на македонската економија“, оцени портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додаде дека граѓаните секојдневно масовно се иселуваат, а информатичарите бараат други дестинации, откако им се скратени платите.

Треба да знаете
Последни објави