Search

Моди ја започна предизборната кампања со ветување за „Нова Индија“

Индискиот премиер Нарендра Моди во четвртокот официјално ја започна предизборната кампања на неговата партија со митинг во најнаселената држава во Индија.

Коалицијата предводена од партијата на Моди се очекува да ја задржи власта на изборите што започнуваат на 11 април, особено поради неодамнешните тензии со стариот ривал Пакистан.

„Оваа земја видела влади кои само изработуваат слогани, но за прв пат тие гледаат одлучна влада која знае како да ја демонстрира својата решителност“, изјави Моди на митингот во градот Мерут.

„Нашата визија е нова Индија која ќе биде во склад со нејзиното славно минато“, рече тој, додека толпата извикуваше со одобрување и мавташе со знамињата на партијата.

Изборите, на кои околу 900 милиони луѓе имаат право на глас, ќе се одржат во фази што ќе завршат на 19 мај. Гласовите ќе се пресметауваат на 23 мај.

Во декември, главната опозициска партија ја порази партијата на Моди во трите главни рурални држави како резултат на недостатокот на работни места и ниските цени на земјоделските производи, кои ја намалија популарноста на Моди.

Но, анкетите покажуваат дека шансите на Моди се значително подобрени благодарение на неговиот цврст став кон Пакистан.

На митингот, Моди вети економски раст и просперитетно општество за сите.

Треба да знаете
Последни објави