Search

Комичарот Зеленски води на предизборните анкети во Украина

Комичарот Володимир Зеленски, политички почетник кој игра претседател во популарна ТВ-серија, е во силно водство во трката за претседател на Украина, според една анкета објавена во четвртокот.

Но, поддршката за 41-годишниот актер останува далеку под нивото потребно за обезбедување целосна победа на изборите на 31 март, а повеќето гласачи се уште не веруваат дека тој ќе стане претседател, покажа анкетата на истражувачкото тело на КИИС.

Според резултатите од неа, Зеленски добил 20,9 отсто од гласовите, додека пак, актуелниот претседател Петро Порошенко се најде на второто место со 13,7 отсто од гласовите, а лидерот на опозицијата Јулија Тимошенко на третотот со 9,7 отсто.

Триесет и девет кандидати се пријавени на изборите, а ако ниту еден од нив не освои 50 отсто од гласовите, првите двајца ќе продолжат во вториот круг на 21 април.

КИИС додаде дека 21,5 отсто од анкетираните го фаворизирале Зеленски за победа во вториот круг, 18,3 отсто очекувале Порошенко да биде реизбран, а 10,1 отсто сметаат дека Тимошенко ќе биде победникот.

КИИС објави дека биле анкетирани 1.600 граѓани во сите региони, освен Крим, во периодот меѓу 20-26 март.

Треба да знаете
Последни објави