Search

Името на кралското бебе: Обложувалниците предвидуваат дека ќе се вика Дијана ако е женско

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл можеби ќе излезат од рамките на традицијата на кралското семејство кога станува збор за името на нивното прво дете.

 

Кралското бебе наводно треба да се роди во април, но иако датумот се ближи, јавноста знае многу малку во врска со идната кралска принова.

Тоа не ја спречува јавноста да шпекулира, а обложувалниците да примаат влогови и да даваат предвидувања за името на војводата и војвотката од Есекс.

Според обложувалница,ако бебето е женско, ќе се вика Дијана, по мајката на принцот Хари. Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 кога Хари имаше 14 години.

Нејзината смрт остави длабока трага и празнина во животите на младите принцови и јавноста смета дека Хари би ѝ дал име на ќерката по мајка му.

Дијана е омилено име на обложувачите, заедно со традиционалното кралско име Викторија. Во игра се и имињата Алберт, Алис и Филип. Има и обложувачи кои сметаат дека Меган е бремена со близнаци.

Согласно кралскиот протокол, првото дете на Меган и Хари ќе биде ерл или дама.

Треба да знаете
Последни објави