Search

Добрата страна на алергијата на полен

Алергијата на полен е многу честа, најчесто се јавува на пролет и во лето, кога многумина мака мачат со кивање, пекање и чешање на очите, течење нос и слично. Алергијата влијае и на психичкото здравје и создава чувство на нервоза. Но, малкумина знаат и за нејзината добра страна.

 

Нови истражувања покажуваат дека луѓето кои страдаат од алергија на полен се изложени на помал ризик на некои видови рак, во однос на оние кои немаат алергија.

Истражување спроведено на Американскиот Национален институт за рак откри дека ризикот од рак на грло, грло на матка и крајници за третина е понизок кај луѓето кои се алергични на полен.

Научниците набљудувале 1,7 милиони луѓе во САД на кои им биле дијагностицирани разни облици на рак во периодот меѓу 1992 година и 2013 година, а податоците ги споредиле со стотина илјади здрави луѓе, на слична возраст и од ист пол.

Потоа ги споредиле податоците за алергијата на полен во двете групи и сфатиле дека многу повеќе има во групата каде нема заболени од рак. Зошто токму поленската алергија го намалува ризикот од овие видови рак не е познато, но постои една теорија како објаснување. Се смета дека поради алергијата телото врши постојан имунолошки надзор, односно постојано го скенира телото и потоа ги уништува евентуалните канцерогени клетки.

Кај алергиите на полен имуниот систем безопасниот полен го доживува како закана и лачи хистамин за телото да се ослободи од наводниот натрапник. Затоа луѓето кои имаат алергија користат антихистаминици, за да ги ублажат ефектите од хистаминот. Но, постојаната изложеност на полен во пролет и во лето значи дека имуниот систем е постојано активен и зголемено врши имунолошки надзор на организмот, а со тоа го брани телото од рак.

Треба да знаете
Последни објави