Search

„Би-Би-Си“ ќе му исплати отштета на украинскиот претседател за неточен напис

Британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) се согласи да му исплати отштета на украинскиот претседател Петро Порошенко поради статија во која го обвинува претседателот корупција.

Во написот се тврди дека била направена исплата од 350.000 евра за да се обезбеди средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова тврдење „беше неточно“, објави „Би-Би-Си“.

Во изјавата објавена во четвртокот наутро, „Би-Би-Си“ му се извини на украинскиот претседател.

„Му се извинуваме на господин Порошенко за предизвиканите проблеми и се согласивме да му платиме отштета“, рекоа од „Би-Би-Си“.

Порошенко поднесе тужба во септември, велејќи дека обвинувањата за „сериозна корупција“ му предизвикале значителни проблеми и непријатности.

Украинците ќе излезе на гласање овој викенд на претседателските избори во земјата. Порошенко е меѓу тројцата кандидати, меѓу кои се најдоа и поранешната премиерка Јулија Тимошенко и актерот Володимир Зеленски, познат по тоа што глуми претседател во една телевизиска серија.

Треба да знаете
Последни објави