Еве зошто не треба да пиете ладна вода и зошто топлата е многу поздрава

Кога станува збор за хидратација, водата за тоа е најдобра, а секој од нас има различни преференции па така некој пие топла, а некој ладна вода.

Стомакот, како и нашето тело воопшто различно реагира на топла и ладна вода која различно делува на варењето, циркулацијата па дури и за главоболката. Кога станува збор за хидратација, тука нема разлики.

Пиењето на топла вода па дури и ладна во одредени моменти е добро, а еве како и кога треба да ги консумирате.

Водата на собна температура ќе ни ја изгасне жедта

Ќе бидете помалку жедни кога пиете ваква вода, а покрај тоа ќе се хидрирате.

Ладната вода е корисна после тренинг

Иако топлата вода подобро ќе ве хидрира, нп после напорен тренинг напијте се ладна вода доколку сте загреани и испотени.

Топлата вода помага во варењето

За подобро варење пијте топла вода. Во кинеската медицина оваа вода посебно се препорачува за варењето. Ладната вода може да ги згусне мастите и да ја отежни работата на органите за варење.

Ладната вода може да предизвика главоболка

Едно истражување покажа дека ладната вода може да ви зададе главоболка и да ги зголеми шансите за мигрена.

Ладната вода може да ги блокира синусите

Ладната вода може да создаде слуз во синусите и тогаш е поттешко да се исфрли. Ако сте настинати и мора постојано да го дувате носот, топлата вода ќе ви биде најдобар пријател.

Водата на собна температура го забрзува метаболизмот

Се зголемува вашата телесна температура и со самото тоа помогнува во согорувањето на калории.

Треба да знаете
Последни објави