Search

Средба на Џафери со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска оствари работна средба со амбасадорот на Словачката Република Хенрик Маркуш, на која било разговарано за активностите на Собранието кои произлегуваат како обврски од Преспанскиот договор.

Амбасадорот Маркуш, како што информираат од собраниската прес-служба, најпрвин му упатил честитки на претседателот Џафери за успешното усвојување на измените на Уставот, како клучен фактор за понатамошниот процес на интегрирање на државата во НАТО заедницата.

На средбата, Џафери посочил дека Собранието интензивно работи на исполнување на стратешките цели на Република Северна Македонија, потенирајќи дека за успешната работа придонес дале сите политички субјекти, а за особено важна ја потенцираше поддршката од меѓународните пријатели.

Амбасадорот Маркуш ја потенцираше силната поддршка од страна на Словачката Република во аспирацијата на Република Северна Македонија кон полноправно члество во НАТО алијансата и Европската Унија.

Средба, како што информираат од Собранието, е во рамки на протоколарните средби со амбасадорите од земјите членки на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави