Search

Литвански суд осуди Руси за воени злосторства за време на СССР

Суд во Литванија го прогласи поранешниот советски министер за одбрана Дмитриј Јазов за виновен за воени злосторства поради смртоносната операција насочена кон спречување на балтичката држава да се отцепи од СССР во 1991 година.

Маршал Јазов (94)  е осуден во отсуство на 10 години затвор, јави Би-Би-Си.

Уште 66 поранешни советски воени и претставници на КГБ добија казни од четири до 14 години. Само двајца беа присутни во судницата.

Русија вели дека судењето во Литванија е политички мотивирано и нелегално.

Треба да знаете
Последни објави