Search

Босанец го фрлил новороденчето во бездна, сопругата го сокрила убиството

Кантонскиот суд во Мостар денеска ја осуди на 14 години затвор мајката која што призна дека е виновна за убиството на своето новородено дете. Претходно, нејзиниот сопруг, исто така, се изјасни за виновен за убиство, а судот го осуди на 15 години затвор.

Случајот беше обелоденет минатата година. Таткото дошол во болница во Мостар на почетокот на септември минатата година, за да ги зеем сопругата и новороденото бебе. Со него во болницата биле и нивните две малолетни деца.

Откако заедно со возилото се упатиле кон Читлук, со намера да го убијат новороденчето, сопругот го запрел автомобилот кај Кобиловац. Неговата сопруга ги изнела децата од автомобилот за да не видат што ќе стори нивниот татко, и се одалечила со нив. Таткото ја земал носилката со бебето од задното седиште на автомобилот и ја фрлил во бездна.

Потоа четворицата со автомобилот се упатиле кон Мостар. Случајот беше откриен на 12 септември минатата година.

Треба да знаете
Последни објави