Скопје се приклучи во програмата „ЕБОР зелени градови“

Скопје е првиот град во Северна Македонија кој ќе се приклучи на програмата на ЕБОР за успешно урбано позеленување, и преку програмата ЕБОР зелени градови ќе развие Акционен план за справување со еколошките предизвици.

Изготвувањето на Акциониот план за Скопје Зелен град беше промовиран на првата работилница која се одржа денесka, a на неа учествуваа преставници од локалната самоуправа кои се вклучени во овој проект. Отворањето на работилницата беше промовирано од Петре Шилегов, Градоначалникот на Град Скопје и Сузан Горансон, Директорката за инфраструктура за Европа, Групација за одржлива инфраструктура при ЕБОР.

Скопје е првиот град во Северна Македонија и петтиот од Западен Балкан кој ќе развие Акционен план преку програмата ЕБОР зелени градови, со што ќе им се помогне на локалните власти да идентификуваат, воспостават приоритети и да се справат со најактуелните еколошки предизвици.

ЕБОР ќе соработува со Градот Скопје и со претставниците на општинските институции на овој проект со цел да ги идентификува приоритетите, преку претходно дефинирани одредници од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и глобалната мрежа на Локалните влади за одржливост (ILCEI) за да создаде план на активности и цели за дејствување во наредните десет години. Планот ќе биде развиен во тек на оваа година, пред да биде поднесен за одобрување пред Советот на Град Скопје.

Во јануари годинава, ЕБОР потпиша договор за кредит со ЈСП Скопје, за подобрување и модернизација на работењето на компанијата која ги управува градските автобуси и подобрување на квалитетот на воздухот. Ова беше иницијалната инвестиција која го поттикна развојот на акцискиот план. Ова e 16ти инвестициски проект од програмата ЕБОР зелени градови, која има фонд од € 950 милиони, наменети за развивање на сеопфатни бизнис модели за зелен урбан развој, комбинација на стратешко планирање со инвестиции и потребна техничка помош. До 2020 година, ЕБОР има цел да го зголеми обемот на сопственото инвестициско потрфолио со т.н. ,,зелени” финансии до 40% на годишно ниво, што ќе биде согласно обврските од Парискиот Договор 2015.

До денес, ЕБОР има инвестирано над 1.85 милијарди евра во земјава, во 115 проекти, од кои најголемиот дел се во инфраструктурниот сектор.

Треба да знаете
Последни објави