Кина го смени поранешниот претседател на Интерпол од јавна функција

Кина го смени поранешниот претседател на Интерпол Менга Хонгвеј од јавна функција и го исклучи од владејачката Комунистичка партија, додека чекаше судење за обвинение за корупција.

Менг беше избран за претседател на Интерпол во 2016 година, но неговиот четиригодишен мандат беше прекинат кога тој беше уапсен во Кина во октомври без изјава од кинеските власти, според АП.

Во тоа време, Менг исто така беше еден од највисоките кинески функционери задолжени за јавната безбедност.

Дисциплинската комисија на Кина денес соопшти дека Менг е прогласен за виновен за сериозни прекршоци и дека тој не се придржувал кон партиските принципи и спроведувањето на партиските одлуки.

Во соопштението се наведува дека Менг ги злоупотребил своите овластувања за да му обезбеди на неговото семејство „екстравагантен начин на живеење”, оставајќи ја сопругата да ја користи неговата позиција за лична корист.

Треба да знаете
Последни објави