ИД е прикриена закана откако Курдите ја ослободија последната енклава во Сирија

Курдските сили, поддржани од САД, го објавија освојувањето на последната територија на Исламска држава во Сирија, етаблирајќи го своето владеење над самопрогласениот калифат, пренесува РТ.

Сепак, германскиот министер за надворешни работи го предупреди светот да не слави прерано. Хаико Маас ги пофали меѓународната коалиција против ИД и храбрите локални партнери во саботата за победата над џихадистичката група, но рече дека ИД останува прикриена закана.

Маас предупреди дека оваа закана не треба да се потцени.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, рече дека Франција е побезбедна, но предупреди дека борбата против терористичките групи мора да продолжи.

Треба да знаете
Последни објави