Search

Палестински клерик тврди дека џихадот ќе ја трансформира Франција во муслиманска држава

Според еден муслимански клерик, муслиманите имаат потреба од држава која ќе им овозможи да ја пренесат пораката за исламот во западниот свет, пренесува „Споутник“.

За да го поддржи своето тврдење дека муслиманската култура би можела да го надвладее, палестинскиот клерик Абу Таки ал-Дин ал-Дари го наведе примерот на Отоманската империја, која доминирала во голем дел од југоисточна Европа до 19-тиот век.

Ал-Дари им се обратил на посетителите на џамијата Ал-Акса, тврдејќи дека џихадот ќе ја трансформира Франција во исламска држава. Видеото на неговиот говор беше поставено онлајн на средината на март.

„Франција ќе стане исламска земја преку џихадот, целиот свет ќе бидепод исламска власт”, нагласува тој.

Ал-Дари, исто така, го изрази своето мислење за различните ставови за бракот, велејќи дека француската и германската младина имаат тенденција да не се одлучат за брак и не се обидуваат да се смират, додека муслиманите ги ценат тие единства меѓу двојките. Затоа, тој претпоставува дека до 2050 година, Франција ќе биде населена главно од муслимани, а не од Французи.

Коментарите на клерикот доаѓаат откако Европол информираше дека џихадизмот е одговорен за најсериозните форми на терористичка активност во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави